strumica denes logo

СТРУМИЧАНЕЦОТ АЛЕКСАНДАР МИТОВ НА ФЕЈСБУК: Дајте го со ИМЕ и ПРЕЗИМЕ тој што ќе ја донесе одлуката за почеток на настава во училиштата!

Автор:

Датум:

август 7, 2020

Категории:

Здравје

Автор:

Датум:

август 7, 2020

Категории:

Здравје

Д-р Александар Митов со фејсбук статус:

Немојте со тие финти:

– МОН вели дека направиле анкета, па ете родителите сакале децата да одат во училиште ! (значи, утре ако експлодира бројот на случаите – погодете КОЈ ќе биде крив, родителите се разбира),

– вториот параван се вика ПРОТОКОЛИТЕ, демек има протоколи , готово – безбедно е!

НЕ!

Дајте го со ИМЕ и ПРЕЗИМЕ тој што ќе ја донесе одлуката за почеток на настава во училишта.

За да знаеме, после 3 недели, со кого да дебатираме.

И не се кријте зад магла од комисии, анкети, протоколи, НЕ ФРЛАЈТЕ ДИМНИ БОМБИ.

Ако ЕКСПЛОДИРА болеста – КОЈ ЌЕ ОДГОВАРА?