Со пригодна свеченост која се одржа пред споменикот на Гоце Делчев на истоимениот плоштад, општина Струмица го одбележа Денот на Републиката.
Беше положено свежо цвеќе, а за значењето на двата Илиндена, зборуваше градоначалникот Коста Јаневски.
Членовите на рецитаторската секција при домот за деца и млади „Благој Мучето рецитираа револуционерна поезија.