Началниците кои ги назначи министерот за внатрешни работи во техничката влада, Наќе Чулев си заминаа,
а од денеска повторно се вратени на старите раководни функции 14 раководни лица на исто толку организациони единици во министерството, кои беа на овие позиции и пред формирањето на техничката влада,
соопшти Министерството за внатрешни работи.
Танчо Пројковски повторно е назначен за началник на сектор за Внатрешни работи-Струмица во Биро за јавна безбедност.