strumica denes logo

ГРАЃАНИ НА СТРУМИЦА ДО НАШАТА РЕДАКЦИЈА: СЕ ГРАДИ БЕЗ ДОЗВОЛА НА „ИЉО ШОПОВ“ – ОД ОПШТИНАТА ПОТВРДИЈА ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА БЕСПРАВНА ГРАДБА И ЗА ИСТАТА ИМА ДОНЕСЕНО РЕШЕНИЕ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ!

Автор:

Датум:

јули 17, 2020

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

јули 17, 2020

Категории:

Струмица

До редакцијата на Струмица Денес пристигна писмо од група граѓани кои живеат на улицата „Иљо Шопов“ во Струмица. Во писмото е наведено дека на истата улица се гради без дозвола. Како што велат тие, најпрвин започнало со изградба на тераса, а сега се гради уште една куќа. Граѓаните исто така побарале од општина Струмица како и од градежната инспекција да одговорат на терен во врска со овој случај, но како што е наведено во писмото, на терен никој не излегол.

Струмица Денес побара одговор и од општина Струмица. Во продолжение проследете го:

Во врска со доградбата на станбена куќа на ул.Иљо Шопов бр.69 во Струмица, овластениот градежен инспектор има констатирано со Записник ип1бр. 26-234 од 23.06.2020г дека станува збор за бесправна градба и за истата има донесено Решение за отстранувањеm ип1бр. 26-234 од 03.07.2020г.