Наќе Чулев:
Нашата држава и нашите граѓани заслужуваат носители на функции кои деноноќно ќе работат. Јас сум убеден во тоа и тоа е мојот принцип на работа.
✋Во попладневните часови ги посетив општините Босилово и Василево. Таму граѓаните се вредни и живеат од обработка на земјиштето. Ми беше чест да проговориме за проблемите кои ги мачат, но на теми од мојот домен на работа.
🌃На крајот на денот ја посетив Струмица. Испивме по едно кафе и направивме убав муабет. Струмица е убав и жив град.
🤝Се договоривме дека во следниот период ќе се гледаме често. Функцијата која јас ја извршуваме бара редовна и честа комуникација со граѓаните и така ќе биде во иднина.