СООПШТЕНИЕ ОД СВР СТРУМИЦА:
На 02.07.2020 во 10.21 часот во СВР Струмица било пријавено
дека во круг на пазар во село Ново Село, струмичко, имало излепено плакати од политичка партија.
Истиот ден во Полициска станица Струмица телефонски било пријавено дека плакатите се искинати од Р.М. и Л.Ч. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица.
Настаните се документирани и ќе се поднесе соодветен поднесок.