strumica denes logo

СТРУМИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ИЗВЕСТУВА: ДЕНЕСКА НА ТРОТОАРИТЕ ПРЕД И ПОЗАДИ „ГЛОБАЛ“ ОДЗЕМЕНА Е ГОЛЕМА КОЛИЧИНА ЗЕМЈОДЕЛСКИ И ПРЕХРАМБЕНИ ПРОИЗВОДИ ОД НЕРЕГИСТРИРАНИ ПРОДАВАЧИ!

Автор:

Датум:

јуни 22, 2020

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

јуни 22, 2020

Категории:

Струмица

Секторот за внатрешни работи Струмица ги известува граѓаните дека денес 22.06.2020 година, во заедничка координирана акција со Државниот пазарен инспекторат, во централното градско подрачје во Струмица,

поточно на тротоарите пред и позади ГП “Глобал“ одземена е поголема количина земјоделски и прехрамбени производи од страна на нерегистрирани продавачи.

Ваквата активност е произлезена од претходно доставената Молба од Здружени продавачи ГП “Глобал“

и одржаниот Локален совет за превенција на општина Струмица.

Ваквите координирани активности ќе продолжат и во иднина заедно со надлежнте инспекциски служби.