Прес конференција на Ацо Ѓоргиев, член на Советот на општина Струмица
Македонската почва нуди огромни богатства, имаме ресурси, знаење и желба за работа и со соодветен план тие ресурси целосно ќе ги искористиме.
Наша задача е со стратегија и соодветна поддршка, земјоделството во Северна Македонија да стане една од најпродуктивните и најисплатливите гранки. Македонските земјоделски производи ќе го снабдуваат не само домашниот пазар, туку силно ќе бидат конкурентни и на европскиот и светскиот пазар.
Здравствената криза покажа дека домашното производство во сите гранки е најважно. Во земјоделството особено. Затоа треба да го подготвиме земјоделството – да ги искористиме сите потенцијали за поголемо производство и продолжување на инвестициите, за опоравување и заживување на економијата.
Владата предводена од СДСМ за само две и пол години овозможи конкретни мерки и програми како директна помош и поддршка на земјоделството. Земјоделците станаа наши партнери. Ги слушавме нивните барања и потреби и во таа насока реагиравме.
Субвенциите и сите мерки за поддршка ги добиваа навреме за да можат да го планираат своето производство и инвестиции. Го помагавме пласманот на земјоделските производи обезбедувајќи пристојни услови за живот на земјоделските семејства. Така ќе продолжиме и понатаму, со уште поголема поддршка и помош.
Со 5 милиони евра ги поддржуваме микро, малите и средни претпријатија кои вршат примарно производство, преработувачите и извозот на примарни и преработени земјоделски производи.
По ланското субвенционирање од 30%, го зголемуваме субвенционирањето на потрошувачката на зелена нафта на 50%. Оваа мерка ќе опфати 50.000 земјоделци, а вредноста е 4,6 милиони евра.
Со мерката окрупнување на парцелите се овозможува ставање во функција на целокупното земјоделско земјиште, како и охрабрување на домашното земјоделско производство, но и нови инвестиции во овој сектор. Од оваа мерка очекуваме приходи од 250 милиони евра во следните три години и зголемена конкурентност на македонското земјоделство.
Преку кредит на Светска банка од 50 милиони евра ќе овозможиме модернизација на земјоделството со цел зголемување на конкуретноста и профитабилноста.
Продолжуваме со безрезервна поддршка на македонското земјоделство и на земјоделците.
Можеме уште повеќе и уште подобро.