Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ:
Предвремената кампања на СДСМ резултираше со околу 200 лица од УЈП во самоизолација, поради тоа што директорката е заболена од корона вирусот. Дополнително, преку 80-тина од врвот на СДСМ се во самоизолација. Дел од луѓето кои што се во самоизолација се луѓе кои по опис на своите работни задачи не смеат да бидат во партиска функција како што е директор на финансиска полиција или директор на Агенција за разузнавање.Тие треба да се независни институции. Едната е дури под претседателот која што не смее да биде под партиска координација, но гледаме дека биле во партиска координација.