strumica denes logo

ОГРОМНА БРОЈКА НА НОВИ РЕГИСТРИРАНИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ДЕНЕСКА, ДУРИ 101!

Автор:

Датум:

јуни 3, 2020

Категории:

Здравје

Автор:

Датум:

јуни 3, 2020

Категории:

Здравје

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 59

– Куманово 12

– Штип 7

– Прилеп 1

– Тетово 5

– Струга 6

– Велес 1

– Охрид 1

– Кавадарци 1

– Гостивар 3

– Кочани 3

– Пробиштип 2

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 84 годишен пациент од Прилеп, хоспитализирана на 17 мај.

Во ГОБ „8 септември“ починаа, пациент од Тетово (75г) примен на 24 мај, пациент од Куманово (71г) примен на 26 мај и пациент од Скопје (58г) примен на 30 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 10 оздравени пациенти.

– Тетово 8

– Велес 2

Досега во земјата се направени вкупно 32161 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 132 теста се во рамките на скринингот во градинки преку Центрите за јавно здравје Штип, Прилеп, Битола и Скопје.

Потврдени се 2 позитивни случаи во градинки во Штип.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2492, бројката на оздравени пациенти е 1605, на починати е 145, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.