ЕКО ПАКУВАЊЕ ДОО Струмица е непрофитна компанија со дејност за управување со отпад од пакување, во согласност со Законот за управување со пакување и отпад од пакување. Целта на ЕКО ПАКУВАЊЕ е да изгради долготрајна и цврста соработка со своите клиенти и со општините во државата во согласност со Европските регулативи:
– минимизирање на негативното влијание на отпадот од пакување врз животната средина,
– промовирање на одговорен однос на компаниите кон отпадот од пакување,
– едукација на граѓаните на Република Македонија за заштита на животната средина и примена на одредбите од Законот за управување со пакување и отпад од пакување
Пријавување на количините на отпад од пакување се врши електронски, преку лесна и едноставна апликација, изработена во согласност со законските одредби. Затоа, Ве покувикуваме, ЗА ЧИСТА И УБАВА СТРУМИЦА, да бидеме тим и да СЕЛЕКТИРАМЕ ПАМЕТНО!
Повеќе информации на нашата веб страна www.ekopakuvanje.mk