Наќе Чулев:
❗ Владата на денешната седница донесе одлука со која oд утре целосно престанува да важи Одлуката за ограничување на движењето на граѓаните.
✔️Благодарeн сум на граѓаните за високото ниво на одговорност и свесност кои ги покажаа во изминатиот период.
✔️ Благодарам и на полициските службеници и на сите вработени во Министерството за внатрешни работи за професионалниот и одговорниот пристап во обезбедување на здравствената сигурност на граѓаните.
🗣️ Силно апелирам до граѓаните да ги почитуваат препораките и мерките за употреба на заштитна опрема кои се насочени кон заштита на нивното здравје.