Владата на денешната седница донесе одлука за укинување на полицискиот час.
Ова вечерва на прес конференција го соопшти и техничкиот премиер Оливер Спасовски.
Тоа значи дека веќе од утре нема да има рестркиции на движењето, односно нема да важи полицискиот час.
Од четврток со работа почнуваат и угостителските објекти со прецизно утврден соодветен протокол за нивна работа во отворените делови,
односно терасите на истите објекти.