strumica denes logo

КАКО ДО СОВРШЕНО ЗДРАВЈЕ? СОВЕТИ НА М-Р МАРЈАН ДИМИТРИЕВ ОД СТРУМИЦА, СОПСТВЕНИК НА ЕДЕМ ВЕЛНЕС ЦЕНТАР!

Автор:

Датум:

мај 25, 2020

Категории:

Здравје

Автор:

Датум:

мај 25, 2020

Категории:

Здравје

Една од моите најголеми опсесии во животот е: како до совршено здравје? Што се’ е потребно човек да прави за да ја постигне таа идеална состојба во која нашиот организам функционира совршено? Досега на глобално ниво сме достигнале многу во полето на медицината, но сепак не доволно поради фактот дека постојат премногу болести на денешницата, а многу од нив се “модерни” и неизлечливи. Прашањето зошто овие болести се незлечливи од секогаш ме интригирало и дали навистина е тоа така или ние не поседуваме доволно знаење за да ги излечиме истите?

Според мене за секоја болест има лек, но за жал немаме доволно знаење и затоа ги класифицираме како неизлечливи. Фактот дека е документирано кај одредени луѓе кои се излекувани од многу тешки болести, па некои и преку ноќ дури и од многу тешки форми на канцер, укажува на тоа дека овие болести се излечливи.

Луѓето како поединци не посветуваат време и енергија за своето здравје, туку здравјето го препуштат во рацете на медицинските професионалци од кои чекаат тие да измислат магичен лек со кој нивното здравје ќе се смени без нивно учество во процесот, но за жал нашето тело не функционира така.

За да остварите совршено здравје потребно е да ги доведете во баланс вашето тело, ум и дух. Една прекрасна мисла вели: во здраво тело здрав дух и според мене е наједноставната мудрост изречена која ја посочува нераскинливата врска помеѓу телото и духот.

Како најголеми непријатели на здравјето во моментов во светот може да ги посочам:

* Физичката неактивност

* Лошиот начин на исхрана

* Загаденоста на животната средина

* Стресот, анксиозноста и депресијата

* Социјалните мрежи и телевизијата

* Губењето на човечките вредности и оддалечувањето од религијата

Е сега треба да почнете да работите на здравјето на овие три аспекти.

1. Телесното здравје е последица на правилно движење и вежбање, правилна исхрана и чиста животна средина.

Потребно е да се движете бидејќи без движење нема живот. Почнете да се занимавате со правилни здрави физички активности. Правете детокс на телото преку сауна и детокс рецепти за да се отстранат сите штетни материи кои ги имате внесено преку лошата храна и околина.

2. Храната ви е лек или отров. Затоа јадете чиста не процесирана храна полна со енергија како овошје, зеленчук, јаткасти и мешункасти плодови и целозрнести продукти. Намалете го внесот на месо, а најмногу конзумирајте риба. Пијте доволно чиста вода а исфрлете ги неприродните соковите со додатен шеќер.

Животната средина контролирајте ја со тоа што ќе одгледувате растенија во вашиот дом кој го чистат загадениот воздух или купете прочистувач на воздух. Одржувајте редовна хигиена на вашето тело и простор.

3. Умот треба да го негувате и да се грижите за него, читајте книги со позитивна содржина и едукација како да живеете посреќно. Избегнувајте ги социјалните мрежи и гледањето на филмови и серии со лоша негативна содржина. Најдете си хоби кое ќе ве исполнува и ќе ви ја потикне креативноста наместо губењето на време и пари на небитни работи. Доколку не можете сами или веќе имате создадено проблем посетете психолог, психотерапевт или психијатар, не треба да имате срам да го правете тоа и треба да гледате како нормално нешто за подобрување на вашето психичко здравје.

Духот хранете го преку било која спиритуална практика или религија на која сте припадник бидејќи во секоја од нив ќе го најдете она вистинското кое му треба на вашето битие. Голем проблем на денешницата е одалечувањето на луѓето од религијата и губењето на основните човекови вредности. Затоа повратете ја вербата во бога и во себе!

Психосоматиката или метафизиката како наука која го поврзува телото и умот е во многу случаи потврдена кај нас во пракса преку нашите Едем методи, преку кои одредени клиенти ги имат излечено своите физички проблеми со опуштање на умот или решавање на психички проблем преку телото.

Затоа не чекајте и веднаш почнете да работете на себе, превземете го животот во свои раце и доведете го вашето тело во еден идеален баланс од кој ќе произлезе живот полн со здравје, енергија радост и среќа!