strumica denes logo

НОВО: ИСПИТИТЕ И СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ РЕАЛИЗИРААТ И СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО НА ФАКУЛТЕТ!

Автор:

Датум:

мај 22, 2020

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

мај 22, 2020

Категории:

Струмица

Со цел нормализирање на процесот на студирање, односно реализирање на наставата на вообичаен начин прифатлив за најголем дел од студентите, како и во насока на подигнување на објективноста при проверката и оценувањето на стекнатите знаења, Владата на Република Македонија денес ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба.

Измените на Уредбата предвидуваат секоја високообразовна установа каде постои можност за целосна примена на веќе изготвениот протокол за полагање испити на високообразовните установи, освен организирање на далечинско учење со примена на средства за електронска комуникација, да може да организира и реализација на студиските програми и проверка на знаењето со физичко присуство на студентите и професорите, a воедно и преку физичко присуство на вработените да се реализира работата на Стручната служба.

Тоа подразбира дека високообразовната установа во меѓувреме може да организира и предавања, вежби, да спроведува форми на континуирана проверка на знаењето, индивидуална настава и други облици кои се соодветни на специфичноста на наставно-научната и уметничката област, понатаму и да организира консултативно-инструктивната настава, индивидуална студиска работа (истражување на литература, семинарски задачи, проектна работа), полагање на испити и колоквиуми, како и одбрана на дипломски, магистерски и докторски трудови во своите простории. Се разбира, сето тоа да биде согласно протоколот и сите досега изречени мерки за заштита од коронавирусот COVID 19.

Полека, но сигурно воспитно-образовниот систем во државата се враќа во нормала и неговото функционирање се прилагодува на новата реалност. Работиме во интерес на сите засегнати чинители во овој општествен сегмент – секој да може непречено да ги оствари своите права и да ги исполни своите обврски.