Полицискиот час да трае од 19 часот во сабота, па до вторник, до 5 утрината. Ова е предлогот на Комисијата за заразни болести кој е доставен до Владата, неофицијално дознава „Фокус“ од доброупатени извори.
Комисијата за заразни болести денеска расправаше за траењето на полицискиот час за време на викендот и празниците кои следат, како и за отворањето на угостителските објекти.
Овој викенд се преклопуваат два празника – Денот на светите просветители СВ. Кирил и Методиј и муслиманскиот верски празник Бајрам.
Денеска пак Владата треба да донесе одлука по овој предлог. Доколку биде прифатен, тоа значи дека ќе не очекува карантин од 58 часа.