Коста Јаневски:
Го решивме проблемот со атмосферските води во населеното место Габрово.
Заврши изградбата на атмосферскиот канал во должина од 360 метри.
Со моите соработници го посетивме и населеното место Градско Балдовци кадешто во завршна фаза е реализацијата на проектот ,,Улица со шеталиште”.
Се довршува поплочувањето на тротоарот на којшто ќе бидат поставени 16 клупи и до крајот на неделата ќе се изврши асфалтирањето на улицата во должина од еден километар.
Создаваме подобар живот за сите граѓани.