На 29.04.2020 година во 18.35 часот на магистрален пат Струмица-Ново Село, на делница од зубовска раскрсница кон Ново Село се случила сообраќајна незгода во која Љ.Б. (47) од Струмица,
управувајки патничко возило „бмв“, со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Б.М.(43) од Струмица, која е префрлена во Медицински центар Струмица, а со телесни повреди се здобиле возачот Љ.Б. и сопатникот Р.А.
Увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициска станица Струмица.