Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, на денешната седница на kpизниот штаб предложил намалување на времетраењето на полицискиот час.
Како што наведува Чулев во предлогот побарал огрaничувањето на движењето да започне во 19:00 часот, наместо како досега во 16:00 часот.
„Моето барање за намалување на огрaничувањето на движењето се однесува на сите граѓани, како и за младите лица и за лицата над 67 години.
Во таа насока денес предложив досегашното огpаничување на движењето во работните денови наместо од 16 часот да започнува од 19 часот, како и да се размисли за соодветно олеснување кое ќе се применува за време на викендите.
Дополнително, Чулев наведува дека планира да побара и преиспитување на одлуките поврзани со ограничување на движењето во планините, парковите и шумите.
„Очекувам владата овие барања да ги прифати на првата седница“, наведува министерот Чулев.