Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски заедно со партискиот лидер Христијан Мицкоски ја посетија православната црквата Св. Четириесет маченици на Смилковското езеро.
-Запаливме свеќа и на спомениците на 5-те невини луѓе кои го загубија животот на истото место. Нека Христовото воскресение и неговата симболика, победата на животот ни биде водилка за нашето делување. Да поминуваме време со семејството, да создаваме хармонија со нашите најблиски, нашите пријатели, роднини, колеги, во целата средина, напиша тој.
Мисајловски порача: „Да веруваме во Бога и да се помолиме за Македонија“.
-Да си припомнеме за сите оние кои поминуваат низ тешкотии, за сите оние кои се болни и сами, но и за сите оние кои се борат со новонастаната ситуација. Болните да оздрават, а оние на линијата на борбата со вирусот да ги служи здравјето и силата.
Да се помолиме и за Македонија. Денеска е денот кога се овистиниле Исусовите зборови дека и “мртвите камења ќе посведочат за живиот Бог“, истакна Мисајловски.