Вистинското покајание се препознава во себежртвувањето – на Христос. Себежртвувањето е телесен и духовен, соборен подвиг. Силата и исполнувањето на себежртвувањето е Евхаристијата. Така, нема покајание, или аскеза, или подвиг, или себежртвување без Евхаристија; и обратно…
Ако сакаме и нешто свое вечно да сочуваме, исто така, го жртвуваме заради Господ Христос. Антиномично, нелогично, противречно, ама затоа – аскетски верно… Христијанинот е и повикан сѐ свое да жртвува, само и само за да го сочува својот соборно-аскетски христијански идентитет.
Човекот, кој живее во покајание, не се плаши од ништо. Христијаните се похрабри од стравот. Знаеме дека стравот, со помош на логиката, е мајстор да измисли теолошко самооправдување за делата со кои човек се одрекува од Христос Богочовекот. А извор на стравот е млаката вера.
Не е проблем падот во грев, туку кога не се принудуваме на подвиг и кога не се гадиме од себеси поради отпаднатоста од Христос. Уште полошо е кога не ни знаеме дека сме отпаднати…
(дел од беседата на Митрополитот Струмички Наум)