Пет карневалски групи од Струмица – „Астра“, „Вега-Кико Стил“, „Мулен руж“, „Струма“ и „Багашовски“, заедно со членови од Организациониот одбор на Струмичкиот карневал и претставници на Општина Струмица, учествуваа на XXIII Меѓународно издание на Будванскиот карневал 🎭
Со вкупно околу 100 учесници, Струмичкиот карневал уште еднаш се претстави во најдобро светло на меѓународната сцена, носејќи ја со себе богатата традиција, автентичната креативност и препознатливиот карневалски дух. Преку впечатливи маски, кореографии и сценски настапи, струмичките групи оставија силен впечаток кај публиката и учесниците од повеќе земји.
Учеството на Будванскиот карневал претставува значајна можност за промоција на културното наследство и карневалската традиција на Струмица, како еден од најпрепознатливите карневали во регионот.
Честитки до сите учесници за успешното претставување и за достојната промоција на македонската култура! 👏





















