Во рамки на редовните активности за одржување на спортските и рекреативните површини, деновиве се реализира косење и уредување на вештачките терени и пам-трак патеката околу Спортскиот центар „Пандев“ во Струмица.
Активностите имаат за цел да обезбедат чиста, безбедна и функционална средина за сите корисници – деца, спортисти и рекреативци кои секојдневно ги посетуваат овие локации.
Надлежните информираат дека ваквите активности ќе продолжат и во наредниот период, при што ќе бидат опфатени и други спортски и рекреативни простори низ градот, со цел одржување на уредена и пријатна урбана средина за сите граѓани.





















