strumica denes logo

ШТО ЗНАЧИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА?

Автор:

Датум:

март 18, 2020

Категории:

Здравје

Автор:

Датум:

март 18, 2020

Категории:

Здравје

Со прогласување на вонредна состојба претседателот може да суспендира одредени вообичаени функции на владата, може да се предупредат граѓаните да го сменат своето вообичаено однесување, или може да се овластат владини агенции да спроведат планови за подготвеност за опасност, како и да се ограничат или укинат граѓанските слободи и човекови права. Кратко кажано, претседателот како врховен командат ќе може да суспендира дел од владините функции и повеќе надлежности да пренесе на себе.

Одлуката на кризна состојба не може да трае подолго од 30 дена, а доколку има потреба да биде надминат овој период, односно состојбата да трае подолго, владата треба да побара одобрување од Собранието за продолжување на рокот или да предложи прогласување на воена или вонредна состојба. Собранието и претседателот на државата во секое време може да побараат усмен или писмен извештај за состојбата во областа за управување со кризи.

Законот и овозможува на владата да донесува oдлука за употреба на ресурсите на органите на државната управа, органите на општините и на Градот Скопје, како и за управување со нив во случај на кризна состојба. Употребата на ресурсите за остварување на активностите треба да биде пропорционална според природата и интензитетот на кризната состојба, разумна според карактерот на кризата и сериозна според јачината и обемот на кризата.

Како ќе се постапува во вонредна состојба ќе зависи од однесувањето на граѓаните.