Министерството за здравство ја потврди информацијата дека има заболено здравствен персонал од коронавирус, која ја објави доктор Арбен Аголи на својот фејсбук профил.
– Попладнево на коронавирус беа тестирани 10 пациенти, од нив 5 се позитивни на вирусот.
Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и 4 здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар. Со ова, бројката на заболени со коронавирус во земјата се искачи на 31, соопштија од МЗ.
Деталите се очекуваат на прес-конференција да ги соопшти министерот Филипче.