Александар Николоски е носител на Листата на ВМРО- ДПМНЕ за Четврта изборна единица.
На прес конференција што ја одржа Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски, јавноста се запозна со кадровската понуда на партијата за изборите во Април, како што беше речено, водена од принципот да ангажира свежи и докажани кадри.
„Предводник сум на тим кој во четвртата изборна единица ќе ја донесе обновата и овој крај ќе биде најпосакуваниот крај за живеење во Македонија. Со мојот личен кредибилитет и животен пат без црни дамки, со силна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери и сите граѓани ќе го победиме Зоран Заев на домашен терен. Од изборната единица четири почнува Обновата на Македонија!“ – напиша Николоски на својот фејсбук профил