Александар Николовски е носител на Листата на ВМРО- ДПМНЕ за Четврта изборна единица.
На прес конференција што ја одржа Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски, јавноста се запозна со кадровската понуда на партијата за изборите во Април, како што беше речено, водена од принципот да ангажира свежи и докажани кадри.
Југоисточниот регион на листата е претставен со неколку решенија од Струмица, Василево, Богданци, Дојран.
Дајанчо Ефтимов член на Извршниот комитет на Партијата е во првите три позиции на листата.
Кандидати на ВМРО- ДПМНЕ од Струмица се Ели Панова на четврта позиција и доктор Јадранка Поцкова на десеттата позиција. Како што изјави Лидерот Христијан Мицкоски на прес конференцијата вечерва, акцент на кадровите решенија на Партијата е ставен на младите во земјата и иднината. На Листата за четврта изборна единица на ВМРО- ДПМНЕ се наоѓа и Владимир Ристов од Струмица, Потпретседателот на Унија на Млади Сили.