strumica denes logo

ВМРО ДПМНЕ-СТРУМИЦА СО ПОВИК: УШТЕ ЕДНАШ РАЗГЛЕДЕТЕ ЈА ОДЛУКАТА ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА КАРНЕВАЛОТ, СВЕДОЦИ СМЕ НА СЦЕНИ ВО ГРАДОТ КАДЕ СОГРАЃАНИ ГИ ОБЕЗБЕДУВА ПОЛИЦИЈА ПОРАДИ ВИРУСОТ!

Автор:

Датум:

февруари 27, 2020

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Автор:

Датум:

февруари 27, 2020

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

ОПШТИНСКИОТ КОМИТЕТ СО ПОВИК ДО ОРГАНИЗАТОРОТ НА КАРНЕВАЛОТ

Општинскиот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ Струмица преку одржани консултации доаѓа на мислење дека постојат реални причини за одлагање на Карневалот во Струмица закажан за Сабота 29 февруари.

И покрај секогаш организираниот Карневал и оваа година преземни мерки од страна на организаторот суштинското прашање е: колку е логично од една страна да ги повикуваме сограѓаните да се воздржат од небитни средби, а да организираме масовни настани.

Освен тоа, повеќе од јасно е дека последните три години прописите и мерките се почитуват само декларативно.
Откако Корона вирусот го пропуштија да пристигне дури до Струмица сега сме сведоци на сцени во градот каде сограѓаните ги обезбедува полиција.
Во Струмица се создава чувство на несигурност и паника.

Во Струмица состојбата со здравствениот систем и заштита е позната на секој граѓанин.
Без да навлегуваме во декларативната способност на институциите, сепак е јасно дека капацитетите нема да може да го дадат одговор на предизвик што може да го донесе еден масовен настан како Карневал 2020.

Ете како што денеска гледаме полициски возила има и на маршрутата на Карневалот.

Го повикуваме Градоначалникот и организаторите уште еднаш да ја разгледат одлуката за времено одлагање на Струмички карневал 2020.