https://www.facebook.com/886604531394812/videos/633059824111863/?t=1
На денешната прес конференција на Христијан Велков УМС на ВМРО-ДПМНЕ се нагласуват проблемите на сограѓаните особено младите во турското маало во Струмица.
Според Велков во овој регион живеат неколку илјади луѓе за кои актуелната власт речиси две децении ветува културни и спортски можности преку инвестиции.
Наместо тоа, станува збор за урбано и инфраструктурно запоставување и лош менаџмент на работите во тој дел иако е важен за градот Струмица.