strumica denes logo

АЛЕКСАНДАР ДОНЕВ: ЗОРАН КИТАНОВ ИЗГЛЕДА ДОШОЛ СО ЛИВЧЕ ПОДАТОЦИ ОД АНАЛИТИКАТА ВО СТРУМИЦА, ПА ПОЧНАА СО ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ!

Автор:

Датум:

јануари 16, 2020

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Автор:

Датум:

јануари 16, 2020

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Александар Донев, Претседател на струмичкото ВМРО-ДПМНЕ:

РАСКРСНИЦИ НА ,,ПРАВИОТ ПАТ”

Општинскиот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ Струмица има впечаток дека деновиве за празниците директорот Зоран Китанов во Струмица дошол со ливче податоци од аналитика. Па ете, се држат прес конференции за тоа колку метри тампон и километри асфалт е ставен и од кое место до каде. Оти, може и да не стават асфалт. Народот е отрпнат на владеење на СДСМ: или прават безмилосна приватизација, или менуват име, решават прашања што ги прикажуват како реформа и прогрес.
А, прогресот е само во внатрешниот џеб на високото раководство на СДСМ.
Има и по нешто работено: асфалт или тампонирање од едно до друго место – на иста улица низ лавиринт на тендери и понуди.
Инаку, СДСМ заборава дека 15 години е на власт во Струмица и, ако работеа така совесно како што тврдат може ќе немаше сега веќе што да работат.

Од пролет ќе започнела и изградбата на коловоз со четири ленти до Дабиле, односно до зоната каде што прогресивното раководство има свои објекти.

Народот знае кого го бива да работи, кој умее да се грижи за општината и татковината и тоа ќе ви го каже на 12 Април со гласање за ВМРО – ДПМНЕ!