strumica denes logo

АЛЕКСАНДАР ДОНЕВ ДО СТРУМИЧАНИ: ТОПЛИТЕ ОГНОВИ НА ТРАДИЦИЈАТА ВЕЧЕРВА НЕ ЈА ЗАГАДУВААТ СРЕДИНАТА, ЗАГАДУВАЧИТЕ СЕ ДРУГИ!

Автор:

Датум:

јануари 13, 2020

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Автор:

Датум:

јануари 13, 2020

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Александар Донев, претседател на струмичкото ВМРО-ДПМНЕ: 

Почитувани членови, симпатизери и сограѓани!

Ми претставува задоволство што радоста на семејниот празник Василица и овaа година ја споделувам со сите Вас.

Нашата традиција ги почитува сите убави спомени од претходните генерации и во борбата за реставрирање на вредностите без колебање како своја ја чествува Старата Нова Година.
Многумина вечерва на Сурва ќе ги запалат огновите за да ја стоплат годината. Ќе се поделат и лебчиња со паричка во работните колективи и на домашната трпеза.

Несомнено, реакција во врска со загадувањето на воздухот е неизбежна. За жал проектот на Општината гасификација на Струмица не ги даде резултатите. Неуспешна примарна, ништо од секундарна и терцијална гасификација. Повеќето од ветените работи за живот се пропуштени.

Топлите огнови на традицијата и веселбата на човекот не ја загадуват средината. Други се загадувачите. Оние што го загадуват воздухот реално се против животот и смислуват разни изговори и измислици против традицијата.

Да бидеме вечерва весели, радосни и да си посакаме добро здравје, успех и во деновите на Новата 2020 година!

Свети Василиј моли се за нас!