strumica denes logo

Заев: Да одиме на брзи предвремени избори!

Автор:

Датум:

октомври 19, 2019

Категории:

СДСМ

Автор:

Датум:

октомври 19, 2019

Категории:

СДСМ

ЕУ направи историска грешка, не разочара сите и затоа сметам дека сега народот треба да одлучи што понатаму на брзи предвремени избори, рече премиерот Зоран Заев на прескоференцијата која е во тек.

-Ја преземам разочараноста и одговорно излегувам пред граѓаните. Европскиот сон нема да биде срушен. Сега е потребен вашиот став, кој ќе го кажете со организирање брзи предвремени избори, најбрзо што може. Вие граѓаните ќе донесете одлука за патот по кој ќе продолжи нашата земја, пат на демократски и европски вредности или да одиме по мрачниот пат на изолација, национализам, конфликти – рече Заев.

Тој со овој предлог ќе оди на утрешната лидерска средба што ја организира претседателот на државата Стево Пендаровски.

-Подготвен сум за целосен нов и чист мандат од вас граѓаните. За да ја развиеме економијата, здравствот. Сакам да истакнам дека се што работевме изминатите две ипол години работевме со љубов – рече Заев.