strumica denes logo

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ СО ВЕТУВАЊЕ ПРЕД СТРУМИЧАНИ: ВИ ВЕТУВАМ ДЕКА ВЕЧЕРТА КОГА ЌЕ ПОБЕДИМЕ НА ИЗБОРИТЕ, ПОБЕДАТА ЌЕ ЈА СЛАВАМ СО ВАС ОВДЕ ВО СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

октомври 10, 2019

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Автор:

Датум:

октомври 10, 2019

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/2689360547742893/?t=4

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во Струмица каде имаше разговори со граѓаните за обновата на Македонија. Тој пред струмичани даде ветување дека вечерта кога ќе победат на изборите, победата ќе ја прослави заедно со струмичани уште истата вечер.

„Бев во Струмица. Разговаравме за обнова на Македонија, народот ги кажуваше своите проблеми, и за тие проблеми ќе понудиме решенија и програма која ќе ја извади Македонија од ова тешко бреме во кое оваа власт ја втурна земјата. Колку приоритет на оваа власт е арамилукот се гледа во случајот Рекет. Прво ни велеа дека Катица Јанева е чесен човек, сетете се Заев лично ни велеше дека стои позади нејзе. Еве гледаме како стоел позади Катица која е обвинета за рекет, за криминал и уцени. Потоа ни велеа дека нема политичари во случајот Рекет, а денес гледаме дека таму е Ременски, и не е само таа, таа е на крајот, на опашката на овој криминален ланец. На врвот, е главата на октоподот, тој кој мотивирал, кој потикнувал и ветувал заштита на овој криминал. А главата на октоподот велеше дека прв го пријавил случајот Рекет, значи знаел дека Катица Јанева била дел од криминална шема, ама не му сметаше потоа да ја предлага, да ја нуди за унапредување во Републички јавен обвинител. Но ваквиот криминал стана јавен и сега враќање нема, а вистината ќе се дознае. Македонскиот народ, и граѓаните на Македонија се честити луѓе, со свое достоинство, а иднината им припаѓа на патриотите. Ќе се избориме за обнова и подобра иднина. Ќе покажеме дека може поинаку. Ќе го вратиме рамниот данок, ќе ги рестартираме сите закочени проекти за заштита на животната средина кои ќе донесат вистински резултати, а не оние срамни проекти за инвертер клими. Со 10 милиони евра тераат популизам и мислат дека со пари се се купува, а следете што ќе се случи во месеците што следат, нема да биде подобро, туку само полошо. А наша обврска е да се избориме за подобро, за вистинска обнова, за Македонија!“ – напиша тој на својот официјален фејсбук профил.