strumica denes logo

(ВИДЕО) ВМРО- ДПМНЕ СТРУМИЦА: ,,СТРУМИЧКИОТ БРЕНД ИЗГЛЕДА ЌЕ ПОЧЕКА”

Автор:

Датум:

октомври 7, 2019

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Автор:

Датум:

октомври 7, 2019

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

 

https://www.facebook.com/vmroaleksandardonev/videos/245777963027671/?t=5

ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА: 

ПОЧИТУВАНИ
КАКО ШТО ИЗМИНУВА МАНДАТОТ НА ОВОЈ СОСТАВ НА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ НА ПОВРШИНА ИСПЛИВУВАТ ПРОЕКТИТЕ КОИ СЕ ВЕТЕНИ НО, НЕ СЕ РЕАЛИЗИРАНИ. ВЕТУВАЊА ЗА ПОДОБРО УТРЕ КОИ НЕМА ДА СЕ РЕАЛИЗИРАТ ВО ОВОЈ МАНДАТ ЗАТОА ШТО НЕ СЕ НИ НИТУ ПОЧНАТИ , А ПОТРЕБНО Е ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ ЗА НИВНО ОСТВАРУВАЊЕ.

НЕКОИ ОД НИВ МОЖЕВМЕ ДА ГИ ВИДИМЕ КАКО УКРАС НА СИТЕ ДОСЕГАШНИ ПРОГРАМИ ЗА ЛОКАЛЕН НАСТАП НА СДСМ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 15 ГОДИНИ. ЗА ОВАА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА САКАМЕ ДА ГО ПРАШАМЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ДО КАДЕ Е СОЗДАВАЊЕТО НА ,,СТРУМИЧКИОТ ТУРИСТИЧКИ БРЕНД” ВЕТЕН ПРЕД ИЗБОРИТЕ.

СТРУМИЦА ВО РЕГИОНОТ Е ПОЗНАТА ПО НЕКОЛКУ ИСТОРИСКИ, ДУХОВНИ И ПРИРОДНИ ДЕСТИНАЦИИ КОИ ЗАЕДНО СО НОВИ АТРАКЦИИ И ЛОКАЦИИ ДОСЕГА ТРЕБАШЕ ДА СТАНАТ СИЛЕН БРЕНД.

ЈА ФОРМИРАВТЕ ЛИ АСОЦИЈАЦИЈАТА ЗА ПОДГОТОВКА И ПРОМОВИРАЊЕ НА СТРУМИЧКИОТ БРЕНД КАКО ШТО ВЕТИВТЕ?

ВИСТИНАТА Е ГОРЧЛИВА.

ПРОБЛЕМОТ Е ВО РЕДЕФИНИРАЊЕ НА ИДЕНТИТЕТОТ НА ТУРИСТИЧКАТА РАЗГЛЕДНИЦА ШТО, НЕ МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ САМО СО БРУСИЛИЦА. ДУРИ И АКО ОВАА РАБОТА ЈА ОСТАВИМЕ НА НАУЧНИЦИТЕ И ЕКСПЕРТИТЕ
СЕПАК, ГРАЃАНИТЕ СЕ СВЕДОЦИ ДЕКА НА ПЛОШТАДОТ ВО СТРУМИЦА НАЈМНОГУ СЕ КУПУВАТ СУВЕНИРИ И ЗНАМЕ СО ЅВЕЗДАТА ОД КУТЛЕШ.

ОД ДРУГА СТРАНА ВЕЉУСА, ВОДОЧА И БАНСКО КАКО ПРИРОДНИ И ДУХОВНИ ДЕСТИНАЦИИ НАМЕСТО АСФАЛТ, ОСВЕТЛУВАЊЕ И ИНВЕСТИЦИИ ЗА ПОДОБРО КОРИСТЕЊЕ НА БЛАГОДЕТИТЕ НА ОВИЕ ТУРИСТИЧКИ МЕСТА ОПКРУЖЕНИ СЕ СО ДЕПОНИИ.

ОВОЈ ПРИМЕР ЈАСНО ГОВОРИ ДЕКА СЕ ДОДЕКА ИМА ОПРАВДУВАЊЕ ЌЕ БИДЕТЕ ОРИЕНТИРАНИ ЕДИНСТВЕНО КОН ЏЕБОТ НА ПОЕДИНЦИ ПО КОИ СТРУМИЦА СТАНА ПОЗНАТА ДОДЕКА ТУРИСТИЧКИОТ БРЕНД – ЌЕ ПОЧЕКА.
ПОВРАТЕН НЕГАТИВЕН ЕФЕКТ ОД ОВАА СОСОТОЈБА ЌЕ ПОЧУСТВУВА СТОПАНСТВОТО И ПОСЕБНО УГОСТИТЕЛСТВОТО ЗА КОЕ ДОДЕКА ВЕТУВАВТЕ ПОСЕБНА ПОДРШКА ВИ СЕ СЛУЧИ ДА ГО ЗАПУСТИТЕ ЦЕНТРАЛНИОТ ДЕЛ НА ГРАДОТ И ЛЕБЛЕБИЏИСКАТА УЛИЦА, КАКО ШТО ПРЕТХОДНО НАПРАВИВТЕ И СО СТАРАТА СТРУМИЧКА ЧАРШИЈА.
ВИ БЛАГОДАРАМ !