Овие изданија се нова возбуда и задоволство за младите читатели, зашто изобилуваат со приказни од училиштето и секојдневието кај младите индивидуи.
Што им се случува на средношколците, што ги опкружува, за што сонуваат ? Некои сонуваат да бидат познати манекенки, други поп и рок музичари… Во опкружувањето им се испреплетуваат љубовта, довербата, почитта и другарството. Но, паралелно со нив чекорат и завидливоста, нетрпеливоста, омразата и одмаздата. Мора да се гази кон доброто, зашто лошото ја разнебитува младата душа и ги трујат соништата и копнежите за иднината.
Пред секој млад човек се поставуваат прашања за вредностите во сите животни сфери, и што е клучот за радост, инспирација, среќа и задоволство.
Влегувајќи во тинејџерската фаза тие мораат да се запознаат со се што претстои пред нив: како влијаат хормоните, зошто им се менува изгледот, што е сексуалност, што се фрустрации и дрога и какви се последиците од нив…и многу други прашања.
Читајте и осознавајте се на време за ништо да не може да ве изненади!