На 30.09.2019 во 08.30 часот во СВР Скопје, Б.В.(57) од Скопје пријавил дека во 08.20 часот на паркинг на ул.„Перо Наков“, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу Б.В. и Б.В.(56) од Скопје, од една страна и Т.И.(23) и А.И.(23), двајцата од Струмица од друга страна. Сочинет записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.