Активисти за заштита на животни од Струмица до редакцијата на Струмица Денес доставија фотографии и видеа од отровени кучиња на повеќе локации во Струмица.
Овојпат тровењето е со ланата и самото куче умира за 3 до 5 минути немајќи можност да биде спасено. Едно куче е отровено кај чешмичката во паркот а другото кај СОУ „Димитар Влахов“.
Струмичката полиција исто така беше повикана таму. Апелираме да внимаваме на своите дечиња и своите миленици.