УНИЈА НА МЛАДИ СИЛИ НА ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА:
Откако шахтата на градскиот плоштад во Струмица даде сигнал дека дел од инфраструктурата не е подготвена за есенските дождови, решивме да провериме каква е состојбата со каналите особено околу мостовите во градот и во некои од населените места. За жал состојбата е доказ за запуштеноста за која од порано предупредуваме.
Реално, дел од одговорноста е на сограѓаните кои ѓубрето го фрлат во каналите, веројатно со лажна претпоставка дека водата ќе го реши проблемот.
Локалната власт пак, особено нејзините институции, знаат дека ѓубрето во канали обраснати со трева и грмушки може да придонесе за поголеми проблеми, штети на сограѓаните и на Струмица.
Затоа, уште еднаш апелираме до надлежните да побрзат со подготовките за претстојните сезонски промени.
#ЕвропскаСтрумица