Струмичките социјалдемократи вчера спроведоа успешна еко акција кај спортскиот комплес „Пандев“ во Струмица. Социјалдемократите кои беа во голем број, порачаа дека дека да се продолжи со еко акциите, бидејќи најважно е општината во која живееме да биде чиста и здрава.
„Струмичани денеска потврдија дека си го сакаат градот. Успешно е спроведена еко акцијата кај спортскиот комплекс Пандев. Благодарност до сите кои што учествуваа во акцијата. Продолжуваме понатаму, затоа што сакаме живот во чиста и здрава средина.“ – напишаа тие.