Во рамките на кампањата „Еко Фронт – Чиста да ни е“, Одделението за „Комунална хигиена“ при Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ изврши генерално чистење во населените места Вељуса и Просениково. Рачно и машински се метеа улиците и се собра и подигна отпадот од јавните површини.
Да дадеме заеднички придонес за чиста Струмица.