На 11.08.2019 во Полициска станица Струмица В.Н (36) од село Сушево пријавил дека од домот заминала неговата сопруга М.Н (29) која со себе ги зела и нивните две малолетни деца. Според пријавителот, таа најверојатно заминала за Албанија, каде е родена. СВР Струмица презема мерки за пронаоѓање на лицата.