ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА:
Општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ Струмица го повикува Пратеникот Костадин Костадинов да се најавува кога ќе застане пред просториите на Комитетот да ја прочита неговата патетична “дневна доза зборови против опозицијата”.
Да се најави за да ги повикаме сограѓаните да му го пренесат своето реално мислење за владеењето на неговиот шеф и неговата тајфа.
Во нашата земја во која само власта блеска граѓаните се поделени: едни кои од неа имат лична фајда, другите кои се справуват со нејзините “удбашки” методи и, трети кои се засилено исселуват.
Наместо како пратеник од Струмица да објасни што е бенефитот од неговата функција за градот Струмица и регионот господинот Костадин Костадинов дошол пред Комитетот на Партијата која направи неколку конкретни проекти во Струмица што власта сега не може ни да ги одржува; пред Комитетот кој започна неколку значајни реализации што власта не може да ги доврши, пред комитетот каде треба да објасни заради што струмичкото стопанство, земјоделие, здравство и образование се во полоша состојба отколку во времето кога неговата партија беше опозиција.
Празни зборови што се повторуват, изнасилена драматика во настапот се елементи на бурлеска.
Струмичани имат потреба од сериозни и одговорни политичари.