Пратеникот од редовите на СДСМ Костадин Костадинов, денеска беше во Струмица каде се приклучи на караванот МОЈ ДДВ. Досега, мерката за поврат на 15 отсто од платеното ДДВ за граѓаните, дава одлични резултати. Од 1 јули до 5 август скенирани се 8,5 милиони фискални сметки. По основ на поврат на 15 отсто досега кај граѓаните се вратени 70 милиони денари.
Во продолжение погледнете на својот официјален фејсбук профил што објави Костадинов:
Костадин Костадинов:
Продолжува реализацијата на мерките што обезбедуваат повеќе пари назад кај граѓаните.
#ЗборотВажи
На мое големо задоволство денеска бев дел од промоцијата на мерката Мој ДДВ.
Дека мерката ги дава очекуваните резултати покажуваат и бројките.
Од пуштањето на мерката заклучно со 05 овој месец скенирани се 8.5 милиони сметки.
Дополнително приливот по основ на ДДВ за месец Јули оваа година е 4.963.000.000 денари што е за 10% повеќе во однос на Јули 2018 година.
По основ на поврат на 15% од ДДВ, вратени се 70 милиони денари назад кај граѓаните.
Секој граѓанин инспектор.
Во месец Јули оваа година на бројот 198 има 186 пријави од граѓани за неиздавање фискални сметки што е за повеќе од 100% во однос на пријавите за истиот месец ланската година, 86 пријави.
Убеден сум дека се повеќе граѓани ќе пристапат кон инсталирање на апликацијата и ќе ги користат бенефитите кои им ги нуди државата.
Зборот е збор !