strumica denes logo

СТРУМИЧКАТА ХИМНА: „Еден прекрасен мајски ден“ – Од песната зрачи младоста и носталгијата за едно друго, поинакво и веќе неповратно време

Автор:

Датум:

јули 14, 2019

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

јули 14, 2019

Категории:

Култура

Песната „Еден прекрасен мајски ден“ , за многумина позната и како „Под кулите на Струмица“ со сигурност му е позната на секој еден струмичанец. Оригинално снимена во шеесетите години на минатиот век од Наско Џорлев и неговиот оркестар, оваа песна продолжува да ги руши сите временски бариери.

„Се сеќавам на изведбата на оваа песна од страна на татко ми во локалот „Монте Карло“. Присутните пееја во еден глас“ – изјавува Зоран Џорлев, присетувајќи се на раното детство.

Музичката соработка „Еден прекрасен мајски ден“ помеѓу Васка Илиева, Никола Бадев и оркестар Џорлеви низ годините што минуваат продолжува да ја докажува својата безвременост. Иако песната е издадена во далечниот август 1995 година, и понатаму се смета за неофицијална химна на Струмица и младите струмичани.

„Од песната зрачи младоста и носталгијата за едно друго, поинакво и веќе неповратно време.“ – ќе речат членовите на „Распеани струмичани“ кои традиционално ја изведуваат песната.