Две сообраќајни несреќи во Струмица во рок од 2 часа. Едната веднаш наспроти главната пошта во Струмица, а втората на раскрсницата кај болницата. Во сообраќајната несреќа на булеварот настрада жена која веднаш е пренесена во струмичката болница, додека во втората направена е само материјална штета и нема повредени, велат очевидците. Струмичката полиција во моментот врши увид и на двете сообраќајни несреќи. Со повеќе детални информации во текот на утрешниот ден.