На 18.06.2019 година во периодот од 12.00 до 17.00 часот на подрачјето на СВР Струмица спроведена е акциска контрола за откривање на прекршоци шти ги прават возачите на мотоцикли. На подрачјето на Струмица констатирани се 10 прекршоци.
Истиот ден во периодот од 12.00 до 17.00 часот на подрачјето на СВР Струмица спроведена е акциска контрола за откривање на прекршоците што ги прават пешаците. При контролата биле констатирани вкупно осум прекршоци од кои шест на подрачјето на Струмица и по еден прекршок на подрачјето на Радовиш и Валандово.