strumica denes logo

РЕАКЦИЈА НА ГРАЃАНИ: БРЗА ПОМОШ И ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО НЕ МОЖАТ ДА ВЛЕЗАТ ВО ЕГЕЈСКОТО МААЛО!

Автор:

Датум:

јуни 20, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

јуни 20, 2019

Категории:

Струмица

Пред околу 3 седмици на улицата Гоце Делчев (егејското маало) во Струмица започна интервенција која граѓаните воопшто и не знаат зошто се врши. Шпекулациите се дека се работи за преместување на далекувод или носење електрична енергија до фабриката која се гради зад маалото. Ископувањето започнало, а никој и не знае кога се планира да се заврши. Копањето траеше околу недела дена, а последниве денови машината е тргната од патот и работата е во застој.

Како што забележувате од фотографиите, поради обилните дождови ископините почнаа да го уништуваат асфалтот, а граѓаните имаат проблем со движењето бидејќи едвај може да се помине и пеш, а такси компании, брза помош, противпожарни возила и комунална хигиена воопшто не можат да влезат во маалото.

Околу 35 семејства се речиси отсечени и оневозможени да ги реализираат своите секојдневни обврски, како што велат и самите како да не живеат во 21 век. Апелираат до надлежните што побрзо да се изнајде решение за овој проблем и да се заврши интервенцијата за да може да продолжи нормалното живеење.