Овој викенд го играме 35то коло од ПМФЛ и воедно последен натпревар на домашен терен оваа сезона каде ја ФК Беласица ја пречекува екипата на ФК Работнички. Натпреварот е од огромно значење во борбата за опстанок, па затоа тие на официјалниот фејсбук профил побараа што поголема поддршка од нивните верни симпатизери и верни „Ајдуци“.
„Во недела играме и за нашиот сограѓанин и поранешен фудбалер Томе Јанев. Сите средства собрани од влезниците ќе бидат донирани за негово лекување.“ – напишаа тие.