Има само 15 години а веќе го издава својот прв роман! Ангела Трајкова од Босилово е талент за кој со сигурност допрва ќе слушаме…Таа на 10 мај во петок во малата сала во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица со почеток од 19:00 часот, ќе го промовира својот роман насловен „Лелја Мерлин“. Ангела само ни откри дека се работи за семејна драма! Промотор на романот ќе биде Владо Ефтимов кој всушност е и рецензент на самиот роман. Ангела Трајкова учи во ООУ „Гоце Делчев“-Босилово и во моментот е деветто одделение. На промоцијата поканети се сите љубители на пишаниот збор. Искрени честитки од тимот на Струмица Денес.