Деновиве група ученици од СОУУД „Димитар Влахов“, заедно со своите професори престојуваат на практична работа во Сандански, Р. Бугарија. Во рамки на овој проект од Еразмус + програмата, со поддршка на директорот Димитар Ѓорѓев, а под водство на професорите Нада Николова, Зорица Паликарова и проект менаџерот Зоран Ристов, учениците можат да ги стекнат неопходните практични вештини за да бидат имплементирани побрзо и полесно на пазарот на трудот. Затоа што целта на образованието во земјоделскиот сектор е да се создадат кадри со висок квалитет на практични вештини, а не само теоретски знаења.
Заедно со партнерот IVEM LIFE LTD, развивме програма за различни практики во Бугарија, што е во согласност со наставната програма на СОУУД „Димитар Влахов“ од Струмица и вклучува стекнување искуство во модерна и успешна био-фарма која развива автоматски системи, модерни техники и алатки, искористувајќи иновативни пристапи во растителното производство и сточарството, како и со богато искуство во агроекологијата и винарството.